Гинисов рекорд: Заб долг 3,7 сантиметри

„Гинисовата книга на рекорди му врачи признание на стоматолог од Офенбах, Германија, откако извадил заб долг 37 милиметри.

Притоа, три четвртини биле под горната вилица, од десната страна. Д-р Макс Лукас му го извадил болниот заб на пациентот лани во градот Мајнц, а рекордот сега е официјално потврден.

Забот влезе во книгата на Гибисови рекорди како најдолгиот човечки заб.

Според хрватските медиуми, пациентот бил Хрват, по име Мијо Водопија (63).