„Голема Албанија“ на фудбалски натпревар во Скопје

Транспарентот кој пред повеќе од две години беше причина за прекин на квалификацискиот дуел за заминување на ЕП меѓу Србија и Албанија со дрон спуштен и на натпревар Шкупи – Вардар
Знаме на таканаречена „Голема Албанија“ повторно се појави на фудбалски натпревар.

Нешто повеќе од две години после инцидентот во Белград, кога средбата за квалификации на Европско првенство меѓу Србија и Албанија беше прекината поради транспарент кој на дрон се појави над теренот на стадионот на Партизан, некој истата провокација се обиде да ја изведе и во Скопје.

Во текот на натпреварот од македонското првенство меѓу Шкупи и Вардар (0:2), во скопски Чаир, дрон на кој беше закачен транспарент со исцртани граници на таканаречена „Голема Албанија“ се појави над игралиштето на кој се играше средбата, но за разлика од белградскиот случај, дронот не успеа да се спушти до теренот, туку се заплетка во крошната на дрвото во непосредна близина на стадионот.

Зачудува фактот што никој од службените лица на натпреварот не реагираше на овој скандалозен чин.

Деновиве се чека реакција од УЕФА која ваквите скандали ги решава без проблем со драконски казни за клубовите или репрезентациите.