Голем пожар во Албанија

Пожарот кај селото Гориште кај Валона и понатаму е активен, а состојбата е крајно сериозна, затоа што огнот се приближува до нафтените бушотини, пишуваат албански медиуми.

Борбата со пожарот ја водат и пожарникари и жители од тоа подрачје, но огинот дава отпор и се шири.

Во Албанија моментно се активни неколку пожари, а вчеравечер пожарникарите успеаја да го изгаснат оној во атарот на Курушу кај Малакастре.

Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, изјави дека најкритична е состојбата во Логари и на планината Тира во близина на тунелот Калимаши.