Гоце Седлоски поднесе оставка од местото шеф на стручен штаб на Вардар

LinkSense.mk

Гоце Седлоски поднесе оставка од функцијата шеф на стручен штаб на ФК Вардар, информира шампионот на Македонија преку клупскиот сајт.

„Донесов одлука да си поднесам оставка од местото шеф на стручен штаб на ФК Вардар, за доброто на сите во клубот. Ова размислував да го направам уште после вториот натпревар си ФК Копенхаген кој што го загубивме. Сепак, успеав да соберам сили и да го започнам македонскито првенство. После загубениот натпревар со Шкендија, овие два дена размислував добро и денеска ја донесов оваа одлука. Тие два пораза ме погодија многу бидејќи јас како човек не сум навикнат да губам, но и фудбалскиот клуб Вардар не е навикнат на порази“, стои во образложенето на Седлоски.

Досегашниот тренер на „црвено-црните“ е задоволен од резултатите во изминатите две сезони како и на прикажаното на двомечот со Малме.

„Горд сум да постигнатото. Успеавме да освоиме две титули во две години, а горд сум и на победата над Малме и пласманот во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, како и на домашната победа со Копенхаген“, додава Седлоски.

„Сакам да се заблагодарам на играчите, управата и до сопственикот г-нот Сергеј Самсоненко од кој имав несебична поддршка во целиот период. Благодарност и до сите вработени во ФК Вардар. Жалам, дојде време да се разделиме. На ФК Вардар му посакувам успех на европската сцена во плеј-офот од Лигата на Европа преку Фенербахче, како и во домашното првенство и Купот на Македонија“, вели на крајот на обраќањето досегашниот предводник на Вардар.

Македонскиот шампион в четврток го очекува првиот дуел од пресметката со Фенербахче во плеј-офот за Лига Европа, па се чека одлуката на раководството за тоа кој ќе го води тимотна натпреварите со силниот турски предводник.