Град Скопје ќе враќа данок на измамени купувачи на станови

Град Скопје ќе им го врати платениот данок за промет со недвижности на оштетените граѓани во измамата при купопродажба на станови, кои, покрај капар од 18 илјади евра, платија и данок за промет со недвижности во износ од близу пет илјади евра.

Станува збор за тројца од шестемина граѓани за кои МИА откри дека се оштетени со капар од 32 илјади евра при обид за купување стан.

Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра, своевремено, двајца различни купувачи платиле и данок на промет на недвижности за еден ист стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра.

Да плати данок за истиот стан тргнал и третиот оштетен, кој навреме дознал за измамата и веднаш ја повлекол пријавата за утврдување на данок на промет на недвижности поднесена до Град Скопје. Во овој случај данок имаше платено и уште едно лице засегнато во измамата со капар од осум илјади евра, на кое, исто така, му беше вратен платениот данок.

Оштетените, по долго и упорно „висење“ на шалтерите, конечено, преку посредништво на МИА добија одговори дека данокот ќе им се врати по нивна и изјава од сопственикот на становите, за кои е платен данокот, дека не покажуваат интерес за понатамошната купопродажба.