Груби: Со Бугарија не се преговара за јазични и идентитетски прашања

Владата работи на создавање ново општество со еднакви права и обврски за сите граѓани, на остварување на целта за интеграција во Европската унија со цел подобар живот на сите граѓани. Во таа насока, морам да кажам дека во ниеден момент со Бугарија не се разговара за јазични и идентитетски прашања и нема простор за никаво стравување, порача денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби.

-Во својство на највисок претставник на албанската заедница во нашата Влада, би сакал да дадам целосна поддршка до македонската заедница во заедничките напори да ги започнеме преговорите за членство во Европската унија и да повторам и уверам дека во ниту еден момент со нашиот сосед не се разговара за јазично идентитекски прашања и затоа нема воопшто простор за било какво стравување. Најдобра потврда за тоа е денешната перспектива две години по уставните измени и Преспанскиот договор при што станавме членка на НАТО со меѓународно потврдена заедничка држава и по исти такви стравувања, рече Груби во рамки на отчетот за сработеното на Владата за првите 100 дена.

Тој ја искористи приликата да ја повика опозицијата на конструктивна соработка, бидејќи како што рече, она што таа до сега го прави и нуди не добива поддршка од граѓаните.

-Вчерашните победи во Пласница и во Штип се потврда и се предгласник за тоа што ќе следи во октомври наредната година. Вчерашниот ден е сигнал дека координираното и свесно бојкотирање на седниците на Собранието, радувањето за неодржувањето на меѓувладината конференција со ЕУ и секојдневно блокирање на улици за измислена кауза не поминува и нема поддршка. Затоа јас заеднички ги повикувам опозициските партии, да ја прифатат нашата поддадена рака за искрена соработка, заедништво и конструктивност, истакна вицепремиерот Груби.

Тој истакна дека во владината коалиција постои кохезија и оти сите чинители во неа заеднички работат во интерес на сите граѓани.

-Откако станавме членка на НАТО го заокруживме нормативниот дел на Охрискиот договор и ги спроведовме итните системски реформи, а тоа е економска преродба владеење на правото и кристално чисто заслуженото членство во Европската унија заедно со придружни елементи за подобар живот на сите граѓани. Коалицискиот договор е продукт на компромис и е склоп на најдобрите решенија за реализација на проектите во наредните три и пол години. Владењето го започнавме со демонтрација на законитост преку рушење на дивоградбата во Чаир поддршка на општината за да се испрати јасен сигнал за нашата определеност, рече Груби.

Владината програма, рече Груби, всушност, е склоп на кобинација на програмата на СДСМ и ДУИ, како и од ругите патнери во Владата. Програмата на ДУИ, додаде, е дел од владината програма и полека се реализира тоа што е ветено пред гражаните.

-Околу прочитувањето на судството, тоа е процес кој е почнат и цел на оваа Влада и е еден од приоритетите заедно со економската преродаба. Во врска со платите, имаше зголемување и тоа се ветувања кои треба да се реализираат не само во првие 100 дена, туку во рамки на цел мандат, а за флкесибилното работно време, петок скратено и недела, е дел од процес на реализација во Собранието, рече Груби одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека во врска со еднаквоста на сите пред правдата, тоа ќе се реализира ако се реализира ветингот во судството и кредибилност на институциите. Тоа, потенцира, веќе донесува еднаквост во владеење на правото и целосна доверба на граѓаните.

И премиерот Зоран Заев го потврди ставот на Груби дека дел од ветувањата се веќе почнати да се реализираат или се реализирани. Почнати се, рече, законски измени за зголемување на платите на здравствените работници, за работно време законот е веќе објавен, за недела а како неработен ден продолжуваат дискусиите. сст/са/