Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груевски: На 15 октомври, народот масовно ќе гласа против сегашната Влада
Македонија

Груевски: На 15 октомври, народот масовно ќе гласа против сегашната Влада

септември 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кандидатот за градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски и носителот на советничката листа, Лазар Митев вечерва пред кочанчани ги претставија програмите за претстојните локални избори.

Со ова беше и означен митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Осврнувајќи се на проектите што треба да бидат реализирани во наредните четири години, Димитровски ги посочи изградбата на браната Речани на Оризарска река, довршувањето на експресниот пат Штип-Кочани, искористувањето на геотермалните води по пат на јавно приватно партнерство, гасификацијата на градот, изградбата на кружен тек и катна гаража.

Заживувањето на кочанското стопанство, истакна, ќе продолжи бидејќи, како што рече, искуството од влегувањето на странските инвестиции во кочанското стопанство обезбеди 2.000 нови работни места.

На митигнот во Кочани се обрати и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој повтори дека овие локални избори ќе ги добие коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со што, истакна, ќе заврши помрачувањето во повеќе сфери од општественото живеење во државата.

На 15 октомври, истакна Груевски, народот масовно ќе гласа против сегашната Влада зашто е свесен дека почнува нова ера и нов живот во Македонија.

Груевски ги посочи, според него, штетните меѓународни договори, незаконското вработување лица без знаење во државните институции.

„ Народот за овие четири месеци од владеењето на СДС се увери дека се што беше ветено е ветер и магла, нема исполнување на ветеното, дополни Груевски.

Тој зборуваше и за резултатите што неговата влада ги постигнала во делот на реализирањето на ветувањата кон граѓаните. Ги спомна изградбата на четирите автопати во државата, истакнувајќи дека автопатот Демир Капија – Смоквица иако е завршен над 80 отсто, се чека да биде пуштен догодина за да се припише, рече, како дело на актуелната власт.

Груевски се осврна и на запирањето на сите градежни објекти и проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги почна.  Ваквиот однос е погубна политика за актуелната власт, потенцира Груевски.

Тој пред жителите на Кочани ги посочи и, како што истакна, политичките хајки кои актуелната власт ги води преку медиумите, администрацијата и врз странските инвеститори.

Зборуваше и за законот за јазиците и за референдумите кои, според него, во дваесет градови во државата требаше да се одржат на денот на изборите со кој народот ќе го дадеше својот глас против населувањето на мигранти во земјава.

Груевски рече дека очекува на 15 октомври ВМРО-ДПМНЕ да ја добие подршката од народот.

актуелно вмро-дпмне Демир Капија кочани Никола груевски Смоквица штип
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.