Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груевски: Она што го најавив во ноември почнува да се реализира
Македонија

Груевски: Она што го најавив во ноември почнува да се реализира

јули 11, 2017Updated:јули 11, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Она што го најавив во ноември минатата година и на што интензивно се работеше во месеците потоа, денес започнува да се реализира.

Почнува со градба фабриката на германската компанија „WIK“ во Технолошко-индустриско развојната зона Прилеп. Оваа фабрика треба на Прилеп и прилепско да им донесе нови 1000 работни места, што ќе значи сигурна егзистенција, плата, стабилност и извесна иднина за 1000 семејства, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук страна.

Груевски додава дека повеќе од 2 години се работело на овој проект на германската компанија.

На самиот почеток тие ја разгледуваа понудата на Украина, Романија и Србија, но интензивните контакти и залагањата кои беа во изминатиот неколкугодишен период како и пакетот поволности кои ги нудевме вродија со плод и еве, денес, се започнува со градба на новата фабрика, напиша Груевски.

Компанија WIK е германска компанија која има седиште во Есен, но и во Хонг Конг, а се занимава со производство на апарати за домаќинството, а нивната прилепска фабрика ќе биде насочена кон производство на кафемат машини.

Инвестицијата тежи 12 милиони евра, на вкупна површина од 10 илјади метри квадратни.

Реализацијата ќе биде во две фази, првата од 5 милиони евра, а во втората фаза се планирани 7 милиони евра и дополнителни 6.5 илјади метри квадратни. На самиот почеток ќе се вработат 50 луѓе и постепено оваа бројка ќе расте, а по комплетирањето на двете фази ќе се вработат 1 000 граѓани.

Првата фаза од изградбата се очекува да заврши во првото тромесечие на наредната година. Воедно постои можност и за зголемување на бројката на вработени и се размислува за можно префрлање на повеќе капацитети и фабрики во Македонија, со што би можело да се дојде до 3000 вработувања! За таа намена компанијата резервира и 2 големи парцели во ТИРЗ Прилеп каде што ќе може да функционираат сите три фабрики на компанијата доколку се одлучат понатаму да го прошируваат своето производство.

Оваа последна инвестиција, немаше да се оствари доколку не беше посветеноста и залагањето на Бил Павлевски кој раководеше со инвестицијата, како и поддршката на Виктор Мизо. Трудот се исплатеше, напиша Груевски.

Покрај Гентерм и Акомпласт, WIK уште една голема компанија која ќе инвестира во Прилеп.

Воедно оваа е 7-ма инвестиција од почетокот на оваа година до сега која се случи и на која работеше тимот за инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ. Овие 7 странски инвестиции треба да отворат потенцијални над 4300 работни места, додаде Груевски.

актуелно вмро-дпмне груевски Конг Хонг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.