Грција: Земјотрес на островот Самос

LinkSense.mk

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го потресе денеска грчкиот остров Самос, наведува АНА.

Грчката информативна агенција наведува дека потресот се случил во 10.18 часот по средноевропско време на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на плажата Мератокампос.

Земјотресот се осетил на целиот остров.