Грција и Шпанија го ратификуваа приемот на Шведска и Финска во НАТО

LinkSense.mk

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде им се заблагодари на Грција и Шпанија што го ратификуваа приемот на Шведска во НАТО, заедно со Финска, кои официјално побараа да станат членки на Северноатлантската алијанса.

„Им благодариме на Шпанија и Грција што го ратификуваа нашиот прием во НАТО“, напиша Линде на Твитер.

Приемот на Шведска и Финска се уште не е ратификуван од Словачка, Унгарија, Португалија и Турција, а за влез во НАТО потребна е согласност од сите 30 членки на Алијансата.

 

 

 

 

 

(Фото: АП)