Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грчките медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име
Македонија

Грчките медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

јуни 24, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Македонија: Новата Влада положи заклетва под уставното име откако доби доверба од Собранието“; „Мицкоски: Го карактеризираше „срамен“ терминот „Северна“ во уставното име на неговата земја“; Северна Македонија: Изгласана доверба од Собранието за новата Влада на Мицкоски“; „Владата на Мицкоски доби доверба – Заклетва со уставното име на земјата“, се дел од насловите на текстовите во грчките медиуми за синоќешното гласање на новата Влада кај нас, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција акцентот го ставаат на тоа кое име го користеше новиот премиер, како за време на заклетвата, така и во неговиот говор во Собранието, а во главно, пренесен е текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА.

АНА-МПА пишува дека Владата беше изгласана со 77 гласа за и 22 против, а на свечената заклетва што следеше, „и Христијан Мицкоски и министрите од новата Влада положија заклетва согласно уставното име на земјата Република Северна Македонија“, а во продолжение го пренесува целиот текст од заклетвата, прочитан од претседателот на Собранието и повторен од премиерот и министрите.

-Христијан Мицкоски, во неговото обраќање, кусо пред гласањето доверба на неговата Влада, оправдувајќи го својот избор да положи заклетва како премиер на Северна Македонија, ја карактеризираше како „срамна“ одредницата „Северна“ во уставното име на неговата земја, но која, како што рече, сега е дел од правниот систем на земјата и со која, како што додаде, „ќе направи компромис“, пишува грчката новинска агенција.

Грчките медиуми во изминатиот период детално и будно ги следат случувањата кај нас, а речиси секогаш во фокусот е употребата на уставното име.

Во саботата, како што веќе објави МИА, во текстовите за почетокот на собраниската седница за доверба на Владата и говорот на Мицкоски, пишуваа дека новиот премиер „трипати ја нарече неговата земја „Македонија“, коментирајќи дека е „нова провокација“.

 

 

 

Извор/Фото: МИА

актуелно влада грчки медиуми мицковски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.