Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Левица: Седуммина починати за едно лето од западнонилска треска, а ИЈЗ не објавува неделен извештај

септември 4, 2026

Цената на бензинот во Германија собори историски рекорд

септември 4, 2026

„Фајненшл тајмс“: ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра за Гренланд

септември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Левица: Седуммина починати за едно лето од западнонилска треска, а ИЈЗ не објавува неделен извештај
  • Цената на бензинот во Германија собори историски рекорд
  • „Фајненшл тајмс“: ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра за Гренланд
  • ЕУ го суспендира увозот на бразилско месо, Бразил изразува „длабока загриженост“
  • Грчки медиуми: Демарш од Атина до Анкара
  • Полска почнува со училишна програма за медиумска писменост и препознавање лажни вести
  • Трамп предложи Ормуска Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп
  • Дипломатската служба на ЕУ пред предизвик поради внатрешните несогласувања и односите со Фон дер Лајен
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грчки медиуми: Демарш од Атина до Анкара
СВЕТ

Грчки медиуми: Демарш од Атина до Анкара

септември 4, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По инструкции на министерот за надворешни работи, амбасадата на Грција во Анкара упати протестна нота до турското Министерство за надворешни работи и за јавните турски соопштенија во врска со грчките специјални просторни планови и поради претседателските декрети на Турција од 15 август за два морски паркови, објави грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

При предавањето на грчкиот демарш, турското МНР упатила вербални ноти, во кои, според АНА-МПА „ги повторува веќе јавно изнесените и неосновани турски тврдења“.

– Грција категорично ги отфрла турските тврдења како неосновани и без каква било правна основа. Статусот на суверенитет во Егејското Море е јасно и конечно утврден со релевантните меѓународни договори, посочиле грчките дипломатски извори.

Додале дека Грција ја отфрла „како неважечка и без правно дејство одлуката за создавање „националните“ морски паркови, на степен во кој тие се протегаат на подрачја вон турската јурисдикција и во рамките на грчкиот континентален гребен“.

– Грција ќе продолжи пред своите европски и меѓународни партнери да ја истакнува секоја еднострана постапка со која се прекршува меѓународното право и се засегаат нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права, истакнале дипломатските извори.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по вчерашната средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта се осврна и на односите со Турција, рече дека го информирал „за неодамнешната ескалација на турските провокации, особено во Егејското Море“ и посочи дека почитувањето на меѓународното право и добрососедските односи се „предуслов за европскиот пат на секоја земја-кандидат“.

– Уште еднаш ќе повторам, незамисливо е да постои активна закана за војна и оспорување на грчкиот суверенитет од земја која има амбиција да ги подобри своите односи со Европската Унија. Европскиот пат на Турција, кој сакаме да го зајакнеме, не може, а да не оди паралелно со градењето добрососедски односи со Грција. Ќе повторам: мојата татковина е мирољубива земја, која не претставува закана за никого. Но, нема да прифати сугестии од никого за тоа како ќе ја зајакнува својата одбран, порача Мицотакис.

актуелно Анкара Атина грчки медиуми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Левица: Седуммина починати за едно лето од западнонилска треска, а ИЈЗ не објавува неделен извештај

септември 4, 2026

Цената на бензинот во Германија собори историски рекорд

септември 4, 2026

„Фајненшл тајмс“: ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра за Гренланд

септември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.