„Гугл“ со нова, општокорисна опција за смартфоните „Пиксел“

„Гугл“ подготвува нова опција за паметните телефони „Пиксел“. Тоа е дел од функциите за тн. „Дигитална полза“, што имаат за цел да им помогнат на потрошувачите подобро да ја балансираат употребата на паметни уреди со нивниот нормален живот.

Новата опција ќе ги предупредува луѓето да бидат внимателни кога пешачејќи го користат својот паметен уред. Како што пренесува „XДАдевелоперс“, „Хедс ап“ ќе го потсетува корисникот да „не зјапа“ премногу и предолго во дисплејот и да внимаваа наоколу додека е во од.

Притоа, експлицитно се напомнува дека тоа не го заменува вниманието и самосвеста на потрошувачите и не штити од несакани случки.

Единствената цел е да го потсети корисникот да биде внимателен. Засега, „Хедс ап“ е достапна само за телефоните на „Пиксел“, но можно е тоа да се појави и кај други уреди.