Гутереш: Непромислено ги ограбуваме ресурсите на Земјата

По повод Денот на планетата Земја, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш го повика светот да се посвети на обновувањето на планетата и воспоставувањето мир со природата.

Во видео пораката Гутереш кажа дека „планетата се наоѓа на пресвртна точка, а човештвото продолжува да го злоупотребува природниот свет“.

Непромислено ги ограбуваме ресурсите на Земјата, го осиромашуваме нејзиниот живсвет и ги третираме воздухот, земјата и морето какодепонии. Клучните екосистеми и синџири на исхрана се турнати на работна амбис. Ние мора да ставиме крај на нашата војна против природата,рече генералниот секретар на ОН.

Гутереш додаде дека завршувањето на оваа војна повикува на „храбраклиматска акција“ за да се ограничи зголемувањето на глобалнататемпература на 1,5 степени Целзиусови.

Тој додаде дека се потребни и посилни чекори за заштита набиодиверзитетот и намалување на загадувањето и отпадот.

Денот на планетата Земја се слави на 22 април. Темата оваа година е „Ајде да ја изградиме нашата земја“ и се фокусира на природните процеси, новите зелени технологии и иновативните размислувања кои можат да ги обноват светските екосистеми.