Дваесет и еден нов ковид-случај, 13 од нив во Скопје

Институтот за јавно здравје регистрира 21 нов случај со КОВИД-19 во последните 24 часа од направени 3358 тестирања.

Од нив, 13 се од Скопје, пет од Тетово и по еден од Гостивар, Струмица и Дебар.

Регистрирани сe двајца оздравени од Скопје и нема починати пациенти.

Најмногу активни случаи има Скопје (99), а потоа Тетово со 83, Гостивар 15 и Куманово, Охрид и Кичево по 13…

Епидемиолошки анализи на вкупно заболени и на активни случаи по
градови:
Скопје 68 756, Активни 99
Куманово 8890, Активни 13
Прилеп 8329, Активни 4
Тетово 7335, Активни 83

Битола 6310, Активни 4
Велес 5474, Активни 0
Гостивар 5196, Активни 15
Кавадарци 5155, Активни 2
Охрид 5023, Активни 13
Штип 4962, Активни 2
Струмица 4126, Активни 4
Струга 2985, Активни 4
Кочани 2793, Активни 1
Кичево 2602, Активни 13
Гевгелија 2196, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1525, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1162, Активни 1
Берово 1032, Активни 1
Делчево 973, Активни 0
Дебар 945, Активни 4
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во земјава достигна 155 922 од 930 540 тестирања на КОВИД-19.

Оздравени се 150 170, а починати 5487.

Вкупно активни случаи има 265.