Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Двајца загинати во невремето „Бора“ во Грција – сериозни проблеми во повеќе делови на земјата
Во Фокусот

Двајца загинати во невремето „Бора“ во Грција – сериозни проблеми во повеќе делови на земјата

декември 2, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Две лица го загубија животот на грчкиот остров Лимнос, во невремето „Бора“ што од завчера ја зафати Грција, а Лимнос заедно со Родос се најпогодени, иако проблеми има и во други делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во поплавено село на островот Лимнос, животот го загубија две лица, а голем дел од жителите беа евакуирани.

На Родос најпогоден беше градот Иалисос каде што улиците беа целосно поплавени, а според надлежниот префект Јоргос Хаѕимаркос биле спроведени десетици спасувачки акции, а предизвикана е материјална штета на домови, бизниси и на патната инфраструктура.

Проблеми има и во централниот и северниот дел на Грција, во Тесалија и на Халкидики, каде што исто така имаше поплавени улици.

Од бројот 112 за итни случаи во изминатите 24 часа беа испратени низа предупредувачки пораки во повеќе области на земјата, на островот Родос информираа дека е воведена забрана за движење со возила поради штетата предизвикана на патната инфраструктура, а од оние што се наоѓаат во конкретни населби на Халкидики, во Солун, Лариса, како и во Платамона, Лептокарија, Скотина и Неи пори беше побарано од граѓаните да ги ограничат нивните движења.

Противпожарната служба на Грција од вчера претпладне до утрово во 5.30 часот примила 1.076 повици за помош, од кои 600 биле на Родос, додека пак од Атина за островот заминале 35 пожарникари со два спасувачки чамци, а на Лимнос биле испратени 25 пожарникари.

Според прогнозите од Националната метеоролошка служба на Грција невремето во одредени делови на земјата ќе трае до понеделник, а од противпожарната служба испратија апел до граѓаните „да бидат особено внимателни и при појава на интензивни временски појави, да ги следат упатствата на надлежните органи“.

 

 

Извор/Фото: МИА

бора Грција загинати невреме
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026

Силното невреме што ја зафати Грција, поплави улици, објекти, домови

октомври 15, 2026

Уште едно лице почина како последица на западнонилска треска

октомври 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.