Двајца македонски дипломати се неподобни за работа

На две лица, вработени во македонското Министерство за надворешни работи, ќе им биде раскинат работниот договор затоа што неможат да добијат безбедносен сертификат од безбедносните служби.

На едно лице при проверка на безбедносниот статус одбиено му е барањето за безбедносен сертификат и не го поминал првиот филтер. Причините за одбивањето не се познати и за него е започната процедура за прекинување на работниот однос. Другиот, пак, користел несоодветен сертификат. И тој не го поминал првичниот ветинг, заради што и нему ќе му биде врачен отказ.

Двајцата дипломати не се групата на дипломати за кои Ерменија издаде меѓународна потерница преку Интерпол.

Во рамките на темелите проверки, констатирано е и дека шест лица пропуштиле навремено да побараат обнова на своите безбедносни сертификати. Ним им е даден рок од седум дена за да ја исправат оваа грешка и да побараат соодветна сертификација.