Двајца мртви и петмина исчезнати во поморска несреќа кај Дубровник

Две лица загинаа, а по пет се трага после тешката поморска несреќа близу Дубровник, во која вчеравечер се судрија службено пловило на Капетанијата Дубровник и гумен чамец со повеќе патници.

Според соопштението на хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура, службениот брод на Капетанијата Дубровник, „Данче“, во вторник на 25 април во 21.20 часот се судрил во Колочепскиот канал со гумен чамец со непозната регистерска ознака на кој биле девет лица, угостителски работници, сите хрватски државјани.

dubrovnik 11

Несреќата се случила во моментот додека бродот на ЛК Дубровник бил ангажиран во акција на итен медицински траспорт кон островот Мљет.

На местото на несреќата од морето се спасени две лица, една со потешки, а една со полесни телесни повреди, а две лица се пронајдени мртви.

По останатите пет интензивно се трага.

dubrovnik 1

Во акцијата за пронаоѓање на исчезнатите вклучени се пловила на локалната капетанија, полицијата од Дубровник и медицински екипи, а по радио станица се емитува порака кон сите учесници во поморскиот сообраќај да помогнат во случајов.

dubrovnik 4

dubrovnik 3