Двајца скопјани каснати од кучиња скитници

LinkSense.mk

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени две каснувања од кучиња скитници во Скопје.

Најпрво во 16.15 часот во Полициската станица „Аеродром“, С.Р. (47) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

Во 16.30, во Полициската станица „Центар“, педесет и деветгодишниот скопјанец П.И. пријавил дека бил нападнат и каснат од куче скитник на кеј „Димитар Влахов“.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Вработување.ком“)