Два автобуса изгореа во пожар во Кавадарци

Два автобуса изгореа во пожар рано утрово на плац во Кавадарци. Причинета е само материјална штета што дополнително ќе биде утврдена.

Во гасењето на пожарот беа вклучени припадници на Територијалната противпожарна единица.

„На терен интервениравме со четири возила и шест пожарникари. Спречивме огнот да се прошири на останатите автобуси кои беа на плацот и на околниот објект“, информираа од единицата.

Во тек е истрага за утврдување за причините што довеле до пожарот.