Две години од настаните во „Дива населба“

Денеска се навршуваат две година од вооружената пресметка меѓу полицијата и триесетчлена криминална група во Дива населба, во Куманово.

Во пресметката која траеше два дена животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени.

divo naselje 3

Во престрелките во Дива населба загинаа Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Осумтемина минатата недела посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ од претседателот Ѓорге Иванов за покажана исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија .

Во вооружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

divo naselje 4

За настаните во Дива населба, од февруари 2016 година во скопскиот Кривичен суд се води судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела – Терористичка организација и Тероризам.

Сите обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

divo naselje