Две дози од вакцината „Спутник V“ во странство ќе чинат 20 долари, во Русија е бесплатна

Две дози од руската вакцина „Спутник V“ на меѓународниот пазар ќе чинат помалку од 20 американски долари, додека за руските граѓани таа ќе биде бесплатна, објавено е денеска на официјалниот Твитер налог на „Спутник V“.

Претходно претпладнево, шефот на рускиот Државен фонд за национално богатство (РДИФ), Кирил Дмитриев, најави дека Русија за својата вакцина ќе наплатува помалку отколку нејзините конкуренти, бидејќи Москва има намера следната година да произведе повеќе од милијарда дози во земјата и странство.

Дмитриев изјавата ја даде откако РДИФ и Националниот центар „Гамалеја“ соошпштија дека новите податоци за клиничките испитувања темелени на 39 потврдени случаи и 18.794 пациенти кои ги примиле двете дози на вакцината, покажале дека „Спутник V“ е 91,4 проценти ефикасен на 28-от ден и над 95 проценти на 42-от ден.