Две лица загинаа во директен судир на два воза во Русија

Во судир на два товарни воза во регионот Амур, Русија вчера загинаа две лица, а уште две се повредени.

Најверојатна причиина за несреќата, според компанијата за вадење и превоз на руда Елгаугол, е тоа што машиновозачот на еден од возовите најверојатно доживеал срцев удар.

Возовите се судрија во близина на станицата Верхњи Улак.