Две машки бебиња по полноќ, во два часот родено и женско бебе

Две машки бебиња се родени после полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Во два часот по полноќ родено е и едно женско бебе.

Првото родено бебе, поради протоколите за корона вирусот, денеска го посети само министерот за здравство Венко Филипче.

Град Скопје му додели штедна книшка во износ од 20.000 денари, а Министерството за труд и социјална политика златник. Од Министерството за здравство информираат дека и второто бебе исто така добило штедна книшка и златник, а подароци ќе има и за женското бебе.

Првороденото бебе е второ дете на 35-годишната мајка Бојана Миланова. Тешко е 3.650 грама и долго 51 сантиметар. Само неколку секунди по првото бебе, родено е второто машко бебе тешко 3.350 грама и долго 51 сантиметар. Мајка е 33-годишната Габриела Ѓошевска.