Дел од жителите на Глишиќ без вода до утре до 14 часот

Поради дефект на водоводна линија, граѓаните на пристапната улица (кај Деспина) во населба Глишиќ, Кавадарци, ќе останат без вода за пиење до утре до 14 часот.

За ова попладнево известија од кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец“.

Оттаму ги замолија за разбирање и трпение жителите кои ќе останат без вода за пиење.