Денеска Заев во Берлин на средба со Меркел

LinkSense.mk

Премиерот Заев денеска во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија.

Првата билатерална средба на премиерот Заев со германската канцеларка Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од самитот „ЕУ – Западен Балкан“.

Меркел тогаш искажа поддршка за новата македонска влада за одлучноста за Суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

За време на посетата во Берлин, предвидено е македонскиот премиер да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.