Денеска кус прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид поради изведување градежни работи

LinkSense.mk

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11.00 и 14.00 часот во времетраење од 10 до 15 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање), информираат од АМСМ.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

МИА