Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза
Скопје

Денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза

август 26, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата.

По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите.

Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата уметност под покровителство на првиот вицепремиер Сали, а гостин ќе биде и премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена на 26 август 1910 година на тогашната улица Поп Кочина број 14, која се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија во Скопје.

Гонџа е најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да му се помогне секому на кој му е потребна помош.

Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12-годишна возраст добила повик од Бога. По 6 години, таа, конечно, го напушта родниот град. Заминува за Даблин, Ирска, од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде што, по две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната нејзина средба со своите мајка и сестра.

Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина во Колката, Индија, на 5 септември 1997 година по неколкугодишна борба со болест на срцето и белите дробови.

Две години по нејзината смрт, папата Јован Павле II ја почнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација.

По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица кога црквата и официјално утврдила дела има изведено и второ чудо.

На 17 декември 2015 година Ватикан потврдил дека папата Франциско го признал второто нејзино чудо со лекување човек од Бразил со повеќе тумори на мозокот.

Папата ја канонизирал Мајка Тереза на 4 септември 2016 на плоштадот Свети Петар во Ватикан пред десетици илјади луѓе.

актуелно мајка одбележување раѓање тереза
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.