Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители 24.05 е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита празникот.