Депај ќе потпише договор со Барселона пред Еуро 2020

Напаѓачот на Лион, Мемфис Депај се договори за трансфер во Барселона, пренесува „Л’Екип“.

Според францускиот весник, 27-годишниот холандски фудбалер ќе се пресели во каталонскиот клуб пред Европското првенство во 2020 година како слободен агент.

Претходно, раководството на Лион, иако се обидуваше во неколку наврати, не успеа да го убеди играчот да остане во тимот.

Оваа сезона Депај одигра 44 натпревари за Лион, на кои постигна 24 гола и направи 11 асистенции.