Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Откриена мистериозна древна населба на Пиринеите

јуни 6, 2026

Научници во Ангола идентификувале над 70 нови видови инсекти

јуни 6, 2026

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ

јуни 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Откриена мистериозна древна населба на Пиринеите
  • Научници во Ангола идентификувале над 70 нови видови инсекти
  • „Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
  • САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со еболаСАД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
  • Украина ѝ се извини на Грција поради украински поморски дрон пронајден кај Лефкада
  • Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
  • Починаа 49 луѓе од жед во Сахара
  • Мерц: ЕУ ќе почне постепен процес на интеграција на Западен Балкан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Деркоски: Граѓаните масовно да гласаат и да не се плашат за своето здравје
Македонија

Деркоски: Граѓаните масовно да гласаат и да не се плашат за своето здравје

јули 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција на сите гласачки места во државата“, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.

Деркоски како прв човек на ДИК утрово лично вршеше увид на дистрибуцијата на доверливиот материјалот за гласање што ќе се користи на претстојните вонредни парламентарни избори, а е изработен од АД печатница „Киро Дандаро“–Битола.

„Материјалот ќе биде доставен до сите општински изборни комисии, а тие пак во текот на утрешниот ден материјалот ќе го достават до избирачките одбори. Процесот се одвива непречено и со одлична организација, а тоа значи дека се ќе за заврши во предвидениот рок. Подготовките на ДИК за целиот изборен процес се одвиваат непречено, посебно сме посветени во делот врзан со заштитата на здравјето на граѓаните и ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал маски, за да и оние граѓани кои не можат да купат или не носат заштитна маска од кои било причини, сепак да добијат заштитна маска, да гласаат и да го остварат своето право на глас“, истакна Деркоски.

Деркоски посочи на мали проблеми поврзани со барањето за изземање на здравствени работници и нивно откажување за учество на гласањето што ќе се спроведе во понеделник, но тие проблеми како што рече се надминуваат и се ќе се одвива според роковникот и уредбата со законска сила.

Во печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола изработени се 1.814.263 гласачки ливчиња со висок квалитет и со 20 форми на заштита без никава можност за фалсификат, потврди директорот на печатницата во овој град Драги Милошевски.

„Гарантираме за високата заштита на избирачкиот материјал“, кусо изјави Милошевски.

„На претстојните вонредени парламентарни избори процесот на гласање ќе биде организиран на 3.390 избирачки места“, информираа од Државната изборна комисија.

актуелно гласање Деркоски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Откриена мистериозна древна населба на Пиринеите

јуни 6, 2026

Научници во Ангола идентификувале над 70 нови видови инсекти

јуни 6, 2026

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со еболаСАД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола

јуни 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.