Најмалку 40 луѓе се полесно повредени во судар на два патнички воза во австрискиот град Салзбург што се случи утринава.
Австриската полиција информира дека возовите се судриле при спојување на главната железничка станица.
Оттаму појаснуваат дека несреќата се случила кога возот што тргнувал од Салзбург удрил со сета сила во возот кој доаѓал од Цирих.
Повредените веднаш се префрлени во најблиските болници.