Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека во унгарските закони постои основ за повлекување на одобрениот азил и ги негира тврдењата на Унгарија дека барањето за екстрадиција е напразно поднесено.
„Не можам да одговорам дали Груевски ќе лежи затвор или не, можам само да кажам дека ние како Влада ќе направиме напор да го вратиме. Ако се оди по правна процедура тој треба да биде екстрадиран.
„Владата ќе побара повлекување на одлуката за азил, затоа што нема причина да му биде одобрен азил. Должни сме да ги направиме сите напори и да ги искористиме сите правни средства.
Товарот ќе остане на Унгарија – изјави Дескоска во интервју на ТВ24.







