Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дескоска: Интеграцијата во ЕУ сериозен и долг процес – бараме да го започнеме
Македонија

Дескоска: Интеграцијата во ЕУ сериозен и долг процес – бараме да го започнеме

јуни 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Отворањето на датумот за преговорите за Северна Македонија не значи директен прием на државата во Европската Унија. Најмакотрпната работа за нашата држава започнува со исполнување на европските стандарди, за тоа сме многу свесни и токму таа можност ја посакуваме. Интеграцијата во ЕУ е сериозен, долг процес што бараме да го започнеме, истакна министерката за правда Рената Дескоска во обраќање на сесијата посветена на Глобалната безбедност во медитеранскиот регион во рамки на 30. издание на Кран Монтана форумот во Женева.

Голем број држави што ги започнаа преговорите со ЕУ, посочи Дескоска, беа далеку помалку подготвени од Северна Македонија во моментот, држава која не бара брз влез во ЕУ – само шанса и поддршка во демократските реформи.

Како што соопшти Министерството за правда, Дескоска истакнала дека државава важела за една од најнадежните поранешни југословенски републики во поглед на евроинтеграцискиот процес, но оти останала заглавена во чекалната на ЕУ, најмногу поради проблемот со името.

– Во 2009 мојата држава доби позитивен извештај од Европската Комисија со препорака за започнување на преговорите, но потребно беше да се реши проблемот со името. Чекањето се одрази доста негативно врз мојата држава – следеше тешка политичка криза и формирање на нова влада на која и беше јасно посочено дека влезот во ЕУ и НАТО е условен со решавање на споровите со соседите, рекла Дескоска.

Спорот со името е решен, дополнила, но преостанува Европската Унија да ги отвори преговорите со Република Северна Македонија, што всушност и беше мотивацијата за решавање на долгогодишниот спор со Република Грција.

– Придобивките од овој договор денеска не ги чувствуваат само нашите две држави, туку регионот и цела Европа, но потребно е заокружување на овој процес. Промената на името беше направена за интеграција во Европската Унија, не за повторно да останеме без перспектива. Промената на името пред граѓаните на мојата држава беше направена со ветување дека европерспективата на нашата држава е загарантирана – а не дека ќе следи повторна блокада. Северна Македонија не може да се смета за успешен пример ако не успее во исполнувањето на својата цел – евроинтеграција, истакнала Дескоска.

Ненаградувањето на напорите на Република Северна Македонија исто така, според министерката Дескоска, испраќа лоши пораки за спорот со Србија и Косово. Тому затоа министерка посочила дека одлуката за почеток на пристапни преговори е важна не само заради нас, туку и заради пораката којашто ќе се испрати до целиот регион – порака дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значат и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните.

Во однос на усогласувањето на домашното законодавство со европските стандарди, министерката Дескоска истакна дека во процесот на менувањето на законите од областа на правосудството и борбата против корупцијата, земјата е во постојана комуникација со Венецијанската комисија и Европската Комисија, што ја држи земјата на вистинскиот пат.

актуелно ЕУ интергација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.