Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Конференција за одлив на мозоци
Во Фокусот

Конференција за одлив на мозоци

мај 14, 2018Updated:мај 14, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Надвор од Македонија живеат и работат повеќе од 29 отсто високобразовани поединци, а вкупниот број на иселеници изнесува 21 отсто, покажуваат последните податоци од Светска банка.

Истражувањата покажуваат дека фактори за „одливот на мозоци“ се ниските плати, недостиг на можности за соодветна напредна обука и развој на кариерата, тешкотии да се стане целосно квалификувана академски и кредибилна личност, недостиг на слобода во истражувањата, изолација од меѓународни академски дебати и сл.

Ова на денешната конференција „Brain Drain: Перспективи на младите луѓе“ го соопшти министерката за образование и наука Рената Дескоска.

„Свесни сме дека во изминатиот период Република Македонија изгуби, се надеваме привремено, дел од младите луѓе кои беа високообразовани и отидоа да работат во западноевропските земји или преку океанот. Со цел да го спречиме тој одлив на мозоци, почнавме повеќе програми кои треба да им овозможат останување на висококвалификуваните млади луѓе во Македонија, изјави Дескоска.

Веднаш по стапување на функцијата министер за образование и наука, како што рече, од МОН беа одобрени согласности за вработувања на млади квалитетни луѓе на на универзитетите во Македонија. Според неа, со тоа успеале да вратат дел од луѓето кое работеле на европските универзитети, а дел спречиле да заминат.

„Минатата недела беше објавен Законот за високо образование така што оваа недела веќе се пуштени нови согласности во Министерството за финансии кои ќе овозможат нови вработувања на универзитетите. Таргетираме млади луѓе кои имаат висок просек и кои имаат истражувачки потенцијали да останат на универзитетите во Македонија, рече Дескоска. Додаде дека младинската гаранција треба да овозможи вработливост на младите и нивно останување во Македонија.

Политичката нестабилност со која се соочуваваме како држава и лошата економска состојба, како што рече, беа наведувани во изминатиот период како причина за иселување на младите.

„Од земја која беше политилки нестабила, со неизвесна иднина, сега сме земја пред која се отвораат евроатлатнските перспективи и се стабилизираат демократските процеси и тоа секако треба да влијае на останувањето на младите во Македонија, смета Дескоска.

Конференцијата ја организира Здружението LEAD во соработка со фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии.

Извршниот директор на Здружението „Lead“ Иван Јованов изјави дека според некои проценки во последните десет години од Македонија се отселил 25 отсто од високобразовниот кадар. Според него, за да останат младите во Македонија потребна е промена на целокупниот систем на функционирање на општеството.

Раководител на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје Јоханес Д. Раи смета дека младите во Македонија ќе се задржат само со отворање можности за нивно работно ангажирање.

 

 

 

ИЗВОР: Нова Македонија

Дескоска македонија МОН образование
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи

октомври 19, 2026

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.