Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДИК бара преиспитување на одлуката за изборите на 12 април
Македонија

ДИК бара преиспитување на одлуката за изборите на 12 април

март 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државната изборна комисија (ДИК) пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски во врска со ширењето на коронавирусот побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Членовите на ДИК на денешната седница, укажаа дека не станува збор само за денот на изборите, туку дека во овој процес се вклучени многу луѓе кои меѓусебно треба да комуницираат.

Само членови на избирачките одбори се 35.000 луѓе, а дополнителен е и бројот на членовите во ОИК, а во организација на изборите е вклучен и огромен број административно технички и логистички персонал.

Треба да бидат заменети 3.200 лица од медицинскиот персонал кои што се членови на избирачките одбори и ОИК.

Членот на ДИК Јанаке Витановски апелираше до политичките партии и до Владата да седнат и да се договорат, посочувајќи дека ДИК ќе ги спроведува нивните одлуки, но доколку вирусот се прошири, тогаш како што рече тој, кој ќе ги реализира изборите, бидејќи може да се случи десеткување на членовите на изборните органи.

Исто така тој укажа дека во изминатите денови во просториите на ДИК биле и членовите од ОИК од Дебар и Центар Жупа, каде сега е воведена кризна состојба поради коронавирусот.

Според него, доцна ќе биде одлуката за тоа што ќе се случува со изборите да биде донесена на 22 март.

Членот на ДИК Борис Кондарко укажувајќи на потребата од повторно разгледување на ова прашање на утрешната сеница на Советот за безбедност што ќе заседава во проширен состав рече дека од стручен аспект треба да се земе предвид ова нивно мислење, бидејќи како што кажа, изборите не се состојат само од политичките партии.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски потенцираше дека треба да се донесе одлука со ладна глава и дека пред сè сега е здравјето на граѓаните.

Според него, редуциран е бројот на активностите на ДИК и се прават сите напори голем дел од обврските да се завршуваат по електронски пат, но посочува дека во нивните простории понекогаш поради обврските поврзани со организација на изборите се собирале по 200 до 300 луѓе дневно.

Сепак, вели тој , ние ќе продолжиме да работиме се до нова одлука на надлежните институции.

Деркоски одговарајќи на новинарко прашање рече дека нивен претставник не е дел од Советот за безбедност и затоа ја користат седницата за јавно да ги кажат своите ставови, а целта е да помогнат при донесувањето на соодветна одлука.

Во однос на евентуалното одложување на изборите, тој појасни дека мандатот на пратениците од сега веќе распуштениот собраниски состав трае до изборот на новиот парламентарен состав и дека досега ние сме имале пракса на вонредно свикување на Парламентот.

актуелно ДИК избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.