ДИК закажа седница за приговорите поднесени за предвремените избори

Државната изборна комисија за денеска за 18:00 часот ја закажа седницата на која ќе започне разгледувањето и одлучувањето по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените Парламентарни избори, за што рокот заврши соноќа во 19:30 часот.

Најпрво ќе се разгледуваат приговорите поднесени за постапката за гласање за што рокот заврши во петокот во 21 часот, а ДИК за нив треба да одлучи во рок од 72 часа од поднесувањето.

Најмногу приговори поднесе Левица 1.982, а Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива вчера и завчера Државната изборна комисија за денеска за 18:00 часот ја закажа седницата на која ќе започне разгледувањето и одлучувањето по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на предвремените Парламентарни избори, за што рокот заврши соноќа во 19:30 часот.

Најпрво ќе се разгледуваат приговорите поднесени за постапката за гласање за што рокот заврши во петокот во 21 часот, а ДИК за нив треба да одлучи во рок од 72 часа од поднесувањето.

Најмногу приговори поднесе Левица 1.982, а Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива вчера и завчера поднесе вкупно 151 приговор. Од приговорите два има и од ВМРОДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.

СДСМ, како што најави, не поднесе приговори за овие избори.

До ДИК е поднесено и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

Подносителите на листите имаат право на жалба по одлуките на ДИК до Управниот суд.