Државната изборна комисија ги одби првите два приговори од Движењето Беса, поднесени за три гласачки места, за едно во Арачиново и две во Липково.
По расправија меѓу членовите на комисијата, за несогласувања околу третиот предлог на Беса, претседателот Александар Чичаковски даде десетминутна пауза.
ДИК денес на отворена седница ги разгледува приговорите од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Движење Беса, по редоследот на пристигнување во архивата на комисијата.
Комисијата прво го разгледуваше приговорот од Беса за избирачко место 2333/1 во Арачиново.
Забелешките на Беса се дека е повреден членот 151 од избирачкиот закон.
Во писмениот допис се наведува дека биле носени гласачи до гласачкото место, дури и до параванот, на гласачите таму им било вршен притисок за кого да гласаат, неовластени лица биле присутни во ходникот пред избирачкото место и дека гласачките ливчиња, на крајот, не биле спакувани според упатствата на ДИК, што според партискиот преставник отвара можности можности за манипулации во изборниот процес.
Со седум гласа за и два против приговорот беше одбиен.
Вториот приговор што го разгледуваше ДИК, исто така од Беса, а се однесуваше за неправилности при гласањето-
за фамилијарно гласање, гласање надвор од параванот и за јавно агитирање и вршење притисок од лица пред влезот на избирачките места 1119/1 и 1120 во Липково, по неколкуте изнесени ставови на членовите на комисијата, со гласање беше одбиен.
И во овој случај соодносот беше 7:2.