Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Балканот покажа дека знае да се однесува европски и да создава иднина
Македонија

Димитров: Балканот покажа дека знае да се однесува европски и да создава иднина

април 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска, на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес, се обрати на пленарната сесија со работен наслов „Актуелната состојба и цели кои треба да се постигнат во билатералните односи”.

На состанокот, главниот акцент беше ставен на добрососедските односи и размена на ставови и искуства во однос на продлабочување на регионалната соработка и решавање на отворените билатерални прашања, како и размена на добри практики во тој контекст.

Во тој контекст, Димитров, се осврна на двата клучни договори со кои Република Северна Македонија, како што рече, ги затвори сите билатерални прашања со соседите, истакнувајќи ги Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и Преспанскиот Договор со Грција како историска пресвртница во билатералните односи во Регионот. Со нив, како што посочи министерот, се отвора можноста за развој на искрено партнерство, базирано на поддршка и соработка, во сите сфери од кои главен бенефит ќе имаат граѓаните.

„Не само што во Бугарија и Грција добивме пријатели кои искрено не поддржуваат и застапуваат за нашата европска интеграција, туку овие Договори се првенствено корисни за реализирање на се она што е од суштинска важност за сите засегнати – инфраструкурно поврзување, но и општествено, културно, економско. Балканот покажа дека знае да се однесува европски и да создава иднина, рече Димитров.

На работниот ручек во рамките на состанокот, од страна на домаќинот беа презентирани плановите и целите за претстојниот Самит на Берлински процес кој ќе се одржи во Познан на 5 јули оваа година, за кој Министрите за надворешни работи ги изнесоа своите очекувања во однос на предизвиците и можностите за земјите од Западен Балкан.

На маргините од состанокот, министерот Димитров оствари средба со германскиот МНР, Хајко Мас и со италијанскиот заменик министер за надворешни работи, Емануела Клаудиа Дел Ре. На средбите Димитров потенцираше дека Северна Македонија недвосмислено заслужи одлука за почеток на пристапни преговори со ЕУ, што ќе значи зацврстување на нашиот заеднички успех и добра вест не само за нашата држава, туку и за регионот и за самата ЕУ.

Во рамки на Косовското претседавање со Фондот за Западен Балкан, во Варшава беше одржана и министерска Конференција на земјите учеснички во оваа регионална иницијатива, на која беа разгледани можностите и начините за ефективна употреба на придобивките од Фондот за Западен Балкан.

Вчера, во претседателската палата, во рамките на министерскиот состанок за Берлински процес, Димитров учествуваше на работна вечера под покровителство на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, на која се зборуваше за младите од Западен Балкан и предизвиците со кои тие се соочуваат, во контекст на Европската унија, со акцент на Регионалната канцеларија за млади (RYCO).

Тој исто така, присуствуваше на седницата на Сенатот на Република Полска, на која беше изгласана согласност за Законот за ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон НАТО. По седницата, Димитров беше примен во куртоазна средба од страна на маршалот на Сенатот на Република Полска, Станислав Карчевски, на која беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји и се разговараше за можностите за интензивирање на парламентарната соработка.

актуелно балкан димитров европска иднина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.