Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Република Македонија, Ѓерѓ Дедај, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен амбасадор во Македонија.
Како што соопштио денеска МНР, Димитров на амбасадорот Дедај му посакал срдечно добредојде и успех во неговата дипломатска мисија во насока на понатамошниот развој на блиските и пријателски односи и соработката меѓу двете соседни земји.
„На средбата беше искажана подготвеност од двете страни за натамошно градење добрососедски односи, интензивирање на дијалогот и унапредување на соработката на билатерален и регионален план, стои во соопштението од МНР и се додадва дека министерот Димитров и амбасадорот Дедај размениле мислења и за актуелни надворешно-политички прашања од регионален интерес.мнр,







