Димитров денеска на средба со Михаел Рот

LinkSense.mk

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Скопје ќе се сретне со државниот министер надлежен за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот.

На средбата, како што соопшти МНР, ќе се разговара за последните активности кон реализација на надворешно политичките приоритети на Република Македонија и за претстојните чекори за целосна имплементација на постигнатиот Договор за решавање на билатералниот спор со соседна Грција.