Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: До утре до 18 часот да се пријават сите граѓани кои сакаат да се вратат во земјава
Политика

Димитров: До утре до 18 часот да се пријават сите граѓани кои сакаат да се вратат во земјава

март 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за надворешни работи во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе организира хуманитарни летови и конвои за да можат околку 2.300 граѓани кои се заглавени во меѓугранични простори или по аеродроми или им треба помош да си дојдат дома.

Заинтересираните треба до недела до 18 часот да се пријават во најблиското конузларно претствништво.

Сите кои на ваков начин ќе пристигнат во земјава ќе бидат во задолжителен државен карантин 15 дена.

„Сакам да упатам клучна порака до утре недела 18 часот сите кои се немаат пријавено да се пријават бидејќи ова нема да биде процес којшто ќе се одвива континуирано. Се работи за големи трошоци, голема  организација, нема да може државата редовно да врши организација на вакви хуманитарни конвои. Ние мораме сега да помогнеме. Не е време за патување во странство“, рече на денешната прес-конференција во Владата министерот за надворешни работи Никола Димиров.

Граѓаните, рече министерот, можат да се пријават на е-маил адресите и телефоните на ДКП на РСМ во земјите каде што се наоѓаат или во најблиското во соседната земја или во земјата од регионот.

Ние, потенцира Димитров, мора да имаме прецизна евиденција и податоци
за веднаш да почнеме да ги организираме овие хуманитарни конвои, истакна министерот за надворешни работи.

Тој појасни дека пред неколку денови МНР упатило апел до нашите граѓани кои се затечени меѓу граници, на аеродроми кои што се затворат или се откажуваат летови, на кои што им треба помош за да си дојдат дома и оти по направениот пресек има околу 2.300 македонски граѓани низ целиот свет.

Основната концентрација, рече, е во европските земји.

„Вчера на вечерната владина седница разговаравме за ова прашање и беа донесени одлуки и заклучоци. Не задолжи нас МНР во соработка со МТВ да организираме хуманитарни летови за да ги донесеме граѓаните дома“, рече Димитров.

Владата, појасни Димитров, одлучи сите граѓани што ќе дојдат во поголеми групи со хуманитарните летови да бидат во задолжителен државен карантин во траење од минимум 15 дена за истовремено покрај државниот интерес да си дојдат дома и заштити здравјето на населението што е веќе во татковината.

Формирано е тело кое ќе организира задолжителен државен карантин и ќе го зголеми капацитетот на задолжителниот државен карантин.

Тој информира дека вчера во Црна Гора бил направен обид да се донесат група наши граѓани кои биле во Истанбул и да ги качат на хуманитарниот лет од Владата на Црна Гора, но штом чуле дека ќе бидат во задолжителен карантин ниту еден од нив не сакал да ја искористи оваа можност.

„Ова ако е индиција и илустрација можно е оваа бројка на наши граѓани и да опаѓа. Бројките ќе варираат“, рече Димитров.

Најави дека во следните денови ќе биде организиран хуманитарен конвој од Црна Гора кон Северна Македонија.

Таму има 70-ина македонски граѓани и, како што рече, ако дојдат во земјава и тие ќе бидат во задолжителен карантин.

Трошоците ќе бидат на товар на државата.

Министерот Димитров реле дека исто така се контактираат сите земји од шенген зоната доколку некој граѓани поради сктуелната состојба со коронавирусот го пробијат рокот за максимум престој од 90 дена да не  сносат правни последици.

„В земјите дел од шенген упатени барања граѓаните кои поради неможност да го испочитуваат рокот да немаат правни последици од пречеккорувањето. Дел од земјите носат одлуки“, рече министерот за надворешни работи.

актуелно граѓани димитров
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.