Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: По ветото од Бугарија, вистински пораз би бил ако дигнеме раце од пристапниот процес
Македонија

Димитров: По ветото од Бугарија, вистински пораз би бил ако дигнеме раце од пристапниот процес

декември 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По ветото од Бугарија, треба да бидеме смирени и трезвени, треба да бидеме возрасни. Не треба да ја повториме грешката од НАТО Самитот во Букурешт 2008-та кога фативме трета патека. Нашиот вистински пораз е ако дигнеме раце или ако толку се фокусираме на ова прашање кон Бугарија па заборавиме зошто нам ни треба пристапниот процес, а тоа е процес со кој треба Европа да си ја донесеме дома. Не треба да дигнеме раце ниту од изнаоѓање разбирање со Бугарија, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Тој во гостувањето на емисијата „Програми 200“ на Алсат М, посочува дека нашите позиции стојат на многу чист принцип како Лисабонскот договор, кој е уставен договор на ЕУ, а да се зборува за идентитетски прашања не ја тангира само земјата кандидат туку и самата ЕУ како Унија на вредности. Воедно и кај нас и во ЕУ, наведува, има интерес да се најде решение околу ова прашање на линија на европските вредности.

-Ако продолжиме мудро кон Софија, ќе ги убедиме и нив дека не може да ви бидам пријател ако не прифатам кој сте. Една изрека вели: „добриот пријател е тој што ви го разбира минатото,  верува во вашата иднина и ве прифаќа токму таткви какви што сте“. За да имате добри комшии треба и да бидете добар комшија, вели Димитров.

Според Димитров не може да се споредува сегашниот проблем со Софија со тој претходниот, потребно е вели, да продолжиме да разговараме, но и оти ќе направиме грешка ако ја насочиме целата енергија кон тој однос со Бугарија  Главната енергија треба да ја насочиме дома, додава тој, на спроведување на реформската агенда.

-Решавањето на големи надворешни билатерални прашања наликува како на освојување планина. И ние последните три години со тоа се бавевме. Пристапниот процес не треба да се идеализира, особено ако е оптоварен со вета. За процесот да функционира мора да биде објективен и да почива на Копенхашките критериуми, дали ние одиме чекор напред и отвораме кластер по ново, или поглавје по старо, треба да зависи од тоа дали судиите си ја вршат работата, дали се независни, дали ни е судството ефиаксно, дали ни се медиумите слободни…Тука треба повеќе да се фокусираме. Ќе има многу добра волја околу нас сега, бидејќи сите гледаат дека ова е неправедно, велат ги исполнивте сите услови како никој досега, уште не можете да почнете пристапни преговори. Зошто да не поканиме држави како Германија, Шведска, Холандија да ни помогнат да си направиме патоказ сега во клучните области, да си засукаме ракави, да си работиме за да бидеме во добра реформска кондиција тогаш кога ќе се отвори оваа врата, вели вицепремиерот Димитров.

Во тој контекст наведува дека во извештаите за напредок, земјата е оценето подобро од земји од регионот кои се веќе многу долги години во пристапниот процес.

-Пристапниот процес е алатка за реформи ако вие го обремените со вета, со истории, со идентитетски прашања тој не може да европеизира, тој ќе балканизира, вели вицепремиерот за европски прашања, додавајќи дека по ветото, сепак има опасност од појава на евроскептицизам во земјава, како и во регионот, за што е свесна и самата ЕУ.

Во однос на тоа што може да се очекува од утрешната посета на специјалниот преговарач Владо Бучковски во Софија, само еден ден по ветото од Бугарија, Димитров вели, рискантно е да прогнозира имајќи ги предвид динамиката и работите на таа релација изминативе недели.

-Главно сигналот е дека не бегаме од разговор, проблемите се решаваат само низ разговор. Ќе разговараме за сите прашања каде што може да се постигне напредок, нема да разговараме за прашања што не можат да бидат предмет на разговор со која било друга држава. Прашањето на кои сме, на јазик е во срцето на нашиот суверенитет, тоа е наша работа. Тоа прашање го третираме дека е затворено дома, и дека е затворено во светското семејство, во ОН: Јас сум убеден дека ако сме упорни и мудри ќе успееме во Бугарија да разбудиме една визија на Жељу Желев, човекот под чие лидерство Бугарија ја призна тогаш Република Македонија како независна држава, а тоа е „силата на Бугарија е тоа што таа не посака ништо од Македонија за возврат. Тоа покажува дека немаме никакви задни мисли, ниту скриени цели, туку дека сакаме да бидеме добри соседи“. И ако сме упорни ако сме мудри ќе успееме ова прашање да го надминеме на начин што и двете држави ќе ги порасне, подвлекува вицепремиерот Никола Димитров.

актуелно бугарија вето димитров пораз пристапењн процес
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.