Димовски: СЈО ќе заврши

Илија Димовски во неговото гостување во ТВ21 вечерва изјави дека мандатот на Специјалното Јавно Обвинителство нема да биде продолжен и не може да биде предмет на преговори.

„СЈО има мандат од 18 месеци да покренат обвиненија, а тој закон се носи со двотретинско мнозинство. Од тој аспект, СЈО повеќе не е предмет за дебата ниту помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ниту помеѓу ДУИ и СДСМ.“ рече Димовски.

„Мандатот на СЈО нема да биде продолжен“ заклучи тој.