Дипломатски односи меѓу Македонија и Малта

Македонија и Малта воспоставија дипломатски односи, што е резултатот од интензивната комуникација во текот на 2016 година на политичко и дипломатско ниво меѓу двете страни, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

„Ова е од исклучителна важност поради тоа што Малта и Кипар беа единствените две држави членки на Европската Унија со кои Македонија досега немаше воспоставено дипломатски односи, дури и по 26 години од независноста.

Воедно, се работи за земја членка која во моментов претседава со Европската унија, стои во соопштението.

Чинот е проследен и со предлог за именување нерезидентен амбасадор и упатување на македонски дипломат во Ла Валета.