Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Договорите за јавни набавки од декември стануваат достапни на јавноста
Економија

Договорите за јавни набавки од декември стануваат достапни на јавноста

ноември 23, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Договорите за јавните набавки од следниот месец ќе и бидат достапни на јавноста. Договорниот орган ќе има обврска договорот да го објави на својата веб страница, а потоа ќе може да го реализира, потврди за МИА директорот на Бирото за јавни набавки Ѓорѓи Ѓоргиевски.

Според оваа новина, што претходно ја најави премиерот Зоран Заев, од 1 декември секој договор за јавна набавка склучен од која било државна или јавна институција под надлежност на Владата, а со препораки и до општините и до другите јавни институции, ќе може да се реализира откако прво ќе биде објавен на веб-страницата на секоја институција.

Од оваа мерка, Владата очекува сериозна транспарентност, но и сериозна заштеда на трошење на парите на граѓаните во државата.

По овој основ се очекуваат најголеми заштеди следната година.

„Кај јавните набавки согледавме дека постои голема можност за корупција. Ќе направиме се таа корупција да ја намалиме на најниско можно ниво со тенденција да ја отстраниме комплетно. Верувам дека со тоа  годишно можеме да заштедуваме десетици и десетици милиони евра, пари кои и тоа како и требаат на Македонија за секаков вид развојни компоненти и за јакнење на стандардот на граѓаните, истакна премиерот Заев.

Директорот на Бирото за јавни набавки Ѓогиевски истакнува дека објавувањето на  договорите за јавни набавки заедно со  укинувањето на Советот за јавни набавки се дел од предвидените реформи во системот за јавни набавки што ќе следат и со донесување комплетно  нов закон за јавни набавки според европските стандарди.

Потреба од реформи покрај Владата посочуваат и стопанствениците и граѓанскиот сектор, а ќе се спроведуваат со поддршка на ЕУ и СИГМА.  Реформите треба да доведат до сериозни промени на сегашниот систем, олеснување на постапките и зголемување на основните приниципи во јавните набавки кои во досегашното решение не постојат. Новиот закон се очекува да биде донесен до октомври следната година.

„Бирото за јавни набавки е во фаза на изработка на нов закон за Јавни набавки кој ја враќа Македонија на патот кон ЕУ. Се земаат предвид ЕУ регулативите од 2014 година,. Ќе се слушнат сите мислења од стручната и пошироката јавност за да не се донесеме како во 2013 гоидина избрзан закон и со честите измени да се дојде до правна несигурност на договорните органи и економските оператори. Целта ни е да добиеме современ закон што ќе ги имплементира досегашните позитивни искуства, но и да ги искорениме негативните ефекти кои се видливи, истакнува Ѓорѓиевски.

Новиот закон се очекува најрано да биде донесен во октомври 2018 година, а стручната и пошироката јавност ќе има доволно време за коментари и предлози.

„До крајот на годината очекуваме да има веќе прв нацрт текст на законот што ќе го споделиме со стручната и пошироката јавност и ќе оставиме доволно време за коментари и предлози за негово подобрување. Планирање организирање една или повеќе јавни расправи, а во исто време ќе се вклучи и СИГМА со свои кометари и предлози, особено во делот на контролните механизми. Во првите месеци од 2018 година ќе се разгледаат добиените предлози и ќе се извршат дополнителни консултации со надлежните институции, вклучително и со Министерството за правда во делот на прекршочните одредби, Министерството за економија во делот на концесии и јавно приватни партнерства, Секретаријатот за законодавство, а планираме да побараме и мислење од ЕК кога ќе бидеме поблиску до конечен нацрт текст, појаснува директорот на Бирото за јавни набавки.

Главни карактеристики на новиот закон, како што вели тој, е зголемена транспоареност со користење на електронските алатки, особено воведување електронски пазар за мали јавни набавки, електронски каталози, електронска жалба и слично, објавување планови за јавни набавки и склучените договори над одреден износ, поедноставување на постапките и воведување нови постапки предвидени со директивите, поедноставување  во роковите, нов систем на претходна контрола во која Бирото за јавни набавки ќе добие зајакната улога, како и подобрување на правната заштита со имплементација на директивите за правна заштита како еден од столбовите на контрола во постапките за јавни набавки.

Стопанствениците посочуваат на потреба од промени на Законот за јавни набавки и порачуваат дека е потребно построги правила кои компаниите треба да ги исполнат.

Александар Зарков, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Македонија за МИА изјави дека ССК континуирано ја  следи сферата на јавните набавки во Република Македонија и доставува аргументирани предлози до надлежните институции за неопходноста од измена на Законот за јавни набавки.

Порачува дека е потребно Законот да се усогласи со европското законодавство, а тоа значи пред се, да се применат правилата според кои најниската цена нема да биде единствен критериум во јавните набавки, туку ќе се земе предвид квалитетот на производот или услугата која е предмет на јавна набавка, на техничката документација како и бонитетот на компанијата.

„Потребно е да постојат построги правила кои компаниите ќе треба да ги исполнат, а институциите што ја спроведуваат јавната набавка да бидат транспарентни и да овозможат рамноправен третман на сите економски оператори.  Подготвеноста на институциите да ги постават правилата на игра кои ќе важат за сите еднакво ќе претставува гарант дека изборот на јавната набавка е направен врз основа на најповолната понуда од аспект на цена и квалитет, а со тоа сите економските оператори ќе бидат сигурни дека имале еднаков третман, изјави Зарков.

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации посочува сите препораки што ги дале во изминатите години ќе бидат земени предвид во изготвувањето на предлог законот за јавни набавки.

Најавува дека и во иднина ќе ги следат јавните набавки, а реформите што претстојат треба да се однесуваат на промена во институционалната рамка и промени во начинот на кој се спроведуваат реформите.

„Кога велиме промени на институционалната рамка сметаме дека Бирото за јавни набавки треба да добие проширени ингеренции кои ќе обезбедат заштита од широкораспространетата корупција во јавните набавки и злоупотребата на јавни пари, вели Факиќ.

Во однос на постапките и нивното спроведување, според неа, потребно е да се напушти концептот на најниска цена, да се исклучи задолжителноста на е аукцијата и најниската цена, а електронската аукција да се применува во оние тендери каде она што се набавува е со многу јасен и прецизно утврден квалитет. Во спротивно сметаме дека е потребно да се води грижа за квалитетот на она што се набавува, бидејќи она што суштински е заборавено во јавните набавки во Македонија е всушност целта на јавните набавки е да се добие добра вредност за потрошените пари, а не да се купи најевтиното што всушност на среден и долг рок ќе чини многу повеќе и ќе генерира дополнителни трошоци, истакнува Факиќ.

Меѓу промените што ги предлага е и потребата понудувачите да ја докажуваат способноста за учество со изјава, а потоа онаа фирма што ќе биде избрана да ги достави целосната документација за докажување на својата способност се со цел да се стимулираат што е можно повеќе фирми да учествуваат на тендерите и да се намалат административните бариери. Наместо негативната референца за фирми кои не ги почитуваат договорите или одредбите од склучените договори треба да им се даде право на договорните органи да ги исклучуваат фирмите, но само од постапките што ги спроведуваат да се напушти овој сегашен концепт на негативна референца. Според нив, потребно е да се зголеми и транспареноста на јавните набавки со задолжително објавување нa плановите за јавни набавки, на договорите што се склучени и реализацијата на договорите.

Промени, смета Факиќ, треба да се направат и во делот на рокот за жалба што треба да тече од денот на објавување на огласот, потоа унифицирање на роковите за поднесување на жалба, да се воведе нов вредносен праг во однос на надоместокот за правната заштита во насока на тоа да се стимулираат жалбите кај помалите фирми, бидејќи како што појаснува, произлегува дека максималниот износ за жалба што се плаќа од 400 евра се однесува и на тендер од 20 илјади и на тендер од 10 милиони евра, што е несразмерно.

Преку јавните набавки годишно се троши една третина од буџетот и затоа вклучените страни сметаат дека сериозно треба да се вложи напор во барањето механизми за спречување на корупцијата и злоупотребите на парите.

Како дел од реформите претходно беше укинат Советот за јавни набавки бидејќи во пракса се покажало дека  тоа што овој институт не ги дал очекуваните придобивки за олеснување на постапката за јавните набавки, туку бил кочничар преку кој се одолговлекувале постапките.

 

Сузи Котева Стоименова

актуелно биро ја јавни набавки влада на рм зоран заев ЕУ миа сигма
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.