ДОМ: ЈСП да овозможи континуиран автобуски превоз од 5 до 19 часот

Скопје, 28 април 2020

Зелената партија ДОМ апелира ЈСП Скопје да овозможи континуиран автобуски превоз за граѓаните, во периодот од 5 до 19 часот, кога нема
полициски час.

Граѓаните реагираат дека сегашниот возен режим на автобусите од јавниот градски превоз, во две смени од 5 до 9 и од 13 до 19 часот, го отежнува завршувањето на нивните обврски.

Во некои случаи чекаат и по 2-3 часа, да започне втората смена од возниот ред, за да можат да го користат јавниот превоз.

ДОМ смета дека континуираниот градски автобуски превоз ќе придонесе и за намален број патници во еден автобус, што е во согласност со мерката за одржување физичка дистанца, поради заштита од корона вирусот.

ДОМ – Канцеларија за односи со јавност