Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

„Водовод“ објави нов извештај: Анализите потврдија дека водата во Скопје е безбедна за пиење

септември 7, 2026

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

септември 7, 2026

Концертот на Дејвид Гета ќе го блокира центарот на Скопје

септември 7, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • „Водовод“ објави нов извештај: Анализите потврдија дека водата во Скопје е безбедна за пиење
  • Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд
  • Концертот на Дејвид Гета ќе го блокира центарот на Скопје
  • Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
  • До 2029 година Германија би можела да се соочи со недостиг од 723.000 квалификувани работници
  • „ЛЕГО“ со рекордна заработка од 5,6 милијарди евра во првите шест месеци од годинава
  • Флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ истекува
  • ЦУК: 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » До 2029 година Германија би можела да се соочи со недостиг од 723.000 квалификувани работници
СВЕТ

До 2029 година Германија би можела да се соочи со недостиг од 723.000 квалификувани работници

септември 7, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германија до 2029 година би можела да се соочи со недостиг од околу 723.000 квалификувани работници, што е речиси двојно повеќе во споредба со регистрираниот недостиг од околу 370.000 работници во 2025 година – покажува најновата студија на Институтот за германска економија (ИВ / IW), кој е поврзан со работодавачите.

Според проекциите на ИВ, најголем дефицит во 2029 година се очекува меѓу работниците во продажбата, каде што би можеле да останат непополнети околу 39.100 работни места. Сериозно погодени ќе бидат и секторите за грижа за деца и образованието со предвиден недостиг од 29.900 работници, како и социјалната работа и социјалната педагогија со недостиг од околу 23.600 лица. Во секторот здравство и нега би можело да недостасуваат 18.700 работници, додека во електроизградбата дефицитот се проценува на 17.400 квалификувани кадри.

Авторот на студијата, Александер Бурштеде, очекуваниот драстичен пораст на недостигот делумно го припишува на големиот бран работници кои во следните години заминуваат во пензија. Во исто време, на пазарот на трудот влегуваат премалку млади кадри, а Германија се соочува и со се поголеми тешкотии при привлекувањето работници од странство.

– Економското закрепнување би можело дополнително да ја зголеми побарувачката за квалификувани работници – истакнува Бурштеде.

Анализата на Институтот ИВ ги проектира движењата на пазарот на трудот до 2029 година врз основа на податоците достапни до крајот на 2024 година, укажувајќи на загрижувачкиот развој на состојбите доколку продолжат сегашните трендови.

актуелно германија недостиг работници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

септември 7, 2026

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

септември 7, 2026

„ЛЕГО“ со рекордна заработка од 5,6 милијарди евра во првите шест месеци од годинава

септември 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.