Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Драматично во Германија, ова не се случило во последниот половина век
СВЕТ

Драматично во Германија, ова не се случило во последниот половина век

јуни 15, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Силното поскапување на енергенсите и храната во мај ја донесе инфлацијата во Германија на најголема брзина во последниот речиси половина век. На повидок нема забавување, а и да има, тоа ќе биде краткорочно, оценуваат експертите…

Во мај, потрошувачките цени беа за 7,9 отсто повисоки во однос на 12 месеци претходно, соопшти Германското биро за статистика. Така, цените растеа од година во година трет месец по ред со стапка од повеќе од седум проценти, пишува магазинот Phoenix. Од април до мај, цените на мало скокнаа за 0,9 отсто. Бројките само ги потврдија прелиминарните проценки од крајот на мај.

Инфлацијата е посилна од кога било од обединувањето на Германија во 1990 година, а за споредливи бројки треба да патуваме во 1973-74 година. Тогаш, првата нафтена криза предизвика пораст на цените на горивата и ја запали инфлацијата.

Сега кризата е предизвикана од украинската војна, бидејќи Русија е огромен извозник на нафта и гас. Меѓутоа, воената неизвесност не е единствениот фактор за покачување на цените во Германија, бидејќи има данок и на јаглерод диоксид.

Од почетокот на годинава за секој тон CO2 од согорувањето на дизел, бензин, нафта за греење или гас се плаќа по 30 евра. Засега не се на повидок отстапки. Цените на големо, кои се прелеваат на малопродажбата, во мај се зголемија со стапка од 22,9 отсто на годишно ниво.

Тоа е нешто побавно отколку во април – сепак, големопродажните цени скокнаа од април до мај. Германската централна банка очекува годишна инфлација од 7,1 отсто.

 

актуелно драматична енергенси поскапувања состојба храна цени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Горивата од полноќ со нови цени

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.