Драма во Германија: Екстремните десничари планирале да го нападнат Рајхстагот!

LinkSense.mk

Низ Германија утринава уапсени се 25 лица заради сомнение дека планирале заговор за соборување на владата.

Извештаите од Германија говорат за тоа дека група екстремни десничари и поранешни воени лица планирале да упаднат во зградата на парламентот, Рајхстагот, и да ја преземат власта.

Германецот кого групата го нарекла принцот Хајнрих Тринаесетти, наводно, бил лицето околу кое била формирана мрежа на заговорници.

Меѓу уапсените во 11 германски провинции имало двајца наводни водачи на бунтот.

Во заговорот наводно биле вклучени членови на екстремистичкото движење Рајхсбиргер (Граѓани на Рајхот), кое долго време е под лупа на полицијата поради насилни напади и расистички теории на заговор.

Се работи за луѓе кои одбиваат да ја признаат модерната германска држава.

Се проценува дека 50 мажи и жени биле дел од групата за која се вели дека планирала да ја собори републиката и да ја замени со нова држава по моделот на Германија во 1871 година.

„Сè уште немаме име за оваа група“, рече портпаролката на федералното обвинителство.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Илустрација)